Ристе Букршлиев e талентиран кошаркар од кошаркарскиот клуб „Кожув“ но исто така и во новоформираниот третолигашки клуб „Гевгелија“. Љубовта кон кошарката е негување и надоградување на талентот, а желбата за идни успеси достижен копнеж кој Ристе чекор по чекор го освојува.
Ступар: Од кога започна да тренираш кошарка? Ристе: Првите чекори во кошарката ми се на осумгодишна возраст во кошаркарскиот клуб „Прима Баскет“.
Ступар: Кој ти е идол и најголем поттик за да продолжиш со кошарката?
Ристе: Да играм и во младинската и во третата лига. Напротив чест и задоволство ми е што сум еден од носителите во двата тима и тоа ме мотивира уште понапорно да работам и да имаме уште поголем успех.

Ступар: Дали КК „Кожув“ ти е единствено место каде што си играл или имаш играно и на други места? Ристе: Не. Имам играно за кошаркарскиот клуб МКК „Еуро-Никел“. Играв во младинските категории М-16 и М-18 и успешно се истакнувавме. Таму исто така тренирав и со првиот тим и бев премногу задоволен.