Леана: Како Емра се најде во актерските води? Дали тоа беше желба од детството или сепак животните патеки предодредија таа да стане професионален актер?
Емра: И животните патеки, но и од дете почнав да одам во театар. Се запознав со едно девојче, мајка ѝ и татко ѝ работеа во драмски театар и така се случи да се вљубам во театарот.
Одевме на сите прeмиери, некои претстави ги гледавме по повеќе пати и полека се вљубив во театарот, се вљубив во сцената, во глумците во сета таа магија, што би се рекло. Јас бев многу лоша ученичка во основно и средно училиште. Во средно само се запишав за да можам да продоложам на факултет. На луѓето им беше чудно што толку лоша ученичка, со лоши оцени ја примија на Факултетот за драмски уметности. Три месеци се спремав за аудицијата бидејќи сакав да поентирам, односно да им докажам дека можам. После аудицијата јас бев меѓу првите на список што се примени на факултет.
Леана: Да се заврши Драмски факултет е повеќе од предизвик или сепак како и секој друг факултет? Ова го прашувам од причина што не се работи само за талент за глума, туку и пеење, играње и слично.
Емра: Предизвик е во секој случај. Знаете, повеќе е искушение, затоа што веќе во прва година мислите дека веќе сте глумец, ама во втора и трета година се доведуваш до едно такво прашање, просто да се запрашаш дали си ти, дали таму ти е местото, дали е добро што си таму и дали сакаш да бидеш глумец. Некое искушение се јавува помеѓу втора и трета година, и почнуваш да глумиш смодоверба кога сфаќаш дека уметноста или тетатарот не е професија со која што секој може да се занимава и секој може да се пронајде во тој некој свет. Си го поставувам прашањето дали овде ми е местото, дали сум за оваа професија, цел си прашалници? Во секој случај предизвик е да го завршиш факултетот. Но сè што се сака сè се може.
Леана: На што Емра се сеќава од средношколските денови и како ги помина?
Емра: Реков, јас во средно училиште се запишав за да ми биде, на некој начин, виза за факултет. Но ако тоа што го работиш го работиш од љубов, ти влева сигурност и волја понатаму. Средното не беше во таа смисла толку лошо но кога се запишав на факултет и кога ме примија, јас завршив со просек 9,26. Мојот успех докажува колкава е љубовта и дека успеваш во секој случај.
Леана: Колку време Ви е потребно да ги научите текстовите за една епизода, да речеме на „Преспав“?
Емра: Имаше еден период, не знам во која сезона, не се сеќавам, тектовите ги добивме навечер накај девет часот и јас сабајле станував во пет часот за да се спремам, со научен текст нормално. Текстовите ги учевме како стигаат, но понекогаш се случуваше да учиме и неколку сценарија наеднаш. Незгодно е да одиш со ненаучен текст на сет бидејќи не си само ти, туку цела екипа која што работи допонително во позадина, позади камерите… Едноставно го програмираш мозокот и успеваш.
Леана: Колку време се троши за снимање на една епизода?
Eмра: 12 Часа односно еден ден од седум сабјле до седум поручек се снима една епизода.
Леана: Колку се греши при снимање и колку е тоа „страшно“ или симпатично?
Емра: Не можам да кажам дека се греши ама тоа се смешни ситуации кога актерот си дозволува да си импровизира нешто, и ти како нечиј партнер, ако не го очекуваш тоа, почнуваш да се смееш или ако издржиш да не се насмееш сцената проаѓа феноменално. Сипатично е секако, и сега ако три или четири кадри се троши на тебе и ти постојано грешиш тоа е веќе и твој проблем и проблем со тоа се троши време а саатите се броени во седум часот мора да се заврши.
Леана: Дали ќе има уште епизоди од Преспав?
Леана: Како се чувствувате после уште еден завршен убав проект каде што имате улога, како што е филмот „Недеља”?