Софија: Што Ве поттикна да направите акаунт со кој на хумористичен начин ги доловувате проблемите во нашата држава па и во другите?
Роберто: Мотивацијата отсекогаш била да го направам денот интересен на што повеќе луѓе.
Софија: Којa Ви беше вистинската инспирација да започнете сериозно да работите на социјалните мрежи?
Роберто: После третата година од работење на профилот од хоби ми премина во работа.
Софија: Дали имавте некоја цел кога видовте дека станувате се по атрактивни и следени?
Роберто: Целта ми беше да помогнам, да наградам и да ја насмеам публиката што веќе ја имам, а и да допрам до нова.

Софија: Дали избегнувате да зборувате за некој теми? Зошто?
Роберто: Избегнувам политички теми. Бидејќи се многу сензитивни за нашето општество.
Софија: Дали самостојно работите на „профилот“ или зад вас стои тим кој ви помага?
Роберто: Сѐ сам водам цели пет години, немам тим.
Софија: Од каде ви доаѓаат идеите за некои од вашите објави?
Роберто: Идеите за објавите доаѓаат од секојдневието, начинот на живот а и следење на светски трендови.
МИМ, МЕМЕ
1.Идеја, мисла, цитат, рефрен, графичка содржина или стил којшто е „вирален“ (заразен) и се пренесува бргу и популарно низ одредена комуникациска заедница.
2.Интересна и најчесто забавна фотографија, цртеж или кусо видео во комбинација со текст, што се шири брзо меѓу интернет-корисниците.
(преземено од www.medium.edu.mk)


Софија: Од каде ви доаѓаат идеите за некои од вашите објави?
Роберто: Идеите за објавите доаѓаат од секојдневието, начинот на живот а и следење на светски трендови.
Софија: Која е вашата основна професија? Дали водењето на социјални мрежи ви е единствена работа?
Роберто: Мојата основна професија кога почнував беше угостителство, сега е сметководство.
Софија: Дали вашите блиски знаат за вашата огромна платформа, и дали ве подржуваат?
Роберто: Некои знаат, некои не. Добивам поддршка од сите.
Софија: Како се справувате со критики на социјалните мрежи, дали им обрнувате внимание?
Роберто: На почетокот премногу се замарав другите што ќе кажат, ама денес веќе не обрнувам внимание на хејт коментари, само поддржувам позитивни критики.
Софија: Какво е чувството да се биде следен?
Роберто: Чувството е супер, а истовремено и одговорно.
Софија: Дали знаете дека помладата популација во нашата држава ве прати вас за секојдневни вести, и помалку се следат вестите? Што би рекле вие за тоа? Зошто е тоа така?
Роберто: Да, по реакциите гледам дека младите од мојот профил ги дознаваат вестите, тоа е бидејќи веќе ретко кој гледа телевизија, сите се на социјалните мрежи.