Гевгеличанецот со „сериозната“ насмевка – нашиот Иван

Новинар: Благица Ступар

Иван Делиманов е дипломиран електроинженер, но исто така се занимава со актерство како дел од актерската екипа во алтернативниот театар ,, Чекори” во Скопје.

Од ученик на генерација во СОУ ,,Јосиф Јосифовски” до дипломиран електроинженер на Факултетот за електротехника и информациски технологи во Скопје. Како го изведе тоа, дали патот беше тежок?

Ниеден животен пат не е лесен , секој поединец има свој предизик и пат  кој што на директен или индиректен начин мора да го помине. Мојата образовна борба започна од многу мала возраст, отсекогаш бев бунтовен и желен за нови знаења и предизвици. Зацртав дека мора да се продолжи напред и со многу труд и љубов кон учењето успеав да заокружам еден дел од моето образование со тоа што успеав да бидам 2017 г. избран за ученик на генерација, меѓу доста тешка конкуренција , бидејќи како  генерација бевме доста солидни.  Понатаму образованието го продолжив на факултетот ,,ФЕИТ”, и дипломирав во рок. Студентскиот живот многу се разликува од средношколскиот во секоја смисла на зборот. Постепно влегуваш во ,,светот на возрасните”, и принуден си да се бориш самостојно. На прашањето дали беше тешко, со сигурност би одговорил дека беше, имаше доста непроспиени ноќи, но крајниот резултат е фантастичен во секоја смисла на зборот.

Како навлезе во водите на актерството и од каде се роди таа желба во тебе?

Како личност од секогаш за мене важело дека сум „упадлив во просторот” , поради тоа што секогаш имам позитивна енергија, карактерна црта што ме опишува дефинитивно би издвоил дека е хуморот. Секогаш се шалам и велам дека единствено што остана од мене е хумор. Од основно образование бев свесен дека поседувам некоја харизма да бидам меѓу луѓе и на сцена, но вистинскиот потенцијал експандираше во прва година средно кога мојата класна воедно и основач на драмската група ,,Дон Кихот” професорката Даниела Џишева веднаш го процени потенцијалот иако на почеток имав доста трема, искуството на професорката доведе до тоа да допре до мене и понатаму заедно и без ниту една препрека да чекориме  кон патот на успехот со многу реализирани театарски претстави, учества на натпревари, награди и сл. 

Како поранешен член на ,,Дон Кихотшто би можел да изјавиш за него ?

Со огромна сигурност би можел да кажам дека досега тоа ми е можеби и најубавиот период од животот. Првенствено тоа што имавме прилика да работиме со професионалци во својата област, професорката Даниела и професорот Тони Аврамов исто така сите што бевме членови се чувствувавме толку безгрижно и среќно кога доаѓаше момент да се подготвува тетарска претстава. Токму од оваа драмска група ми се роди и љубовта да студирам на актерска игра, но сплет околности станав електроинженер . Во секој случај би можел да кажам дека ,,Дон Кихот” е вистинска можност за секој млад поединец што сака да ги научи основите на еден театар, глума и режија.

Што би можел да кажеш за инженерството како професија? Премногу ценета или недоволно ценета?

Инженерството само по себе е предизвикувача професија не толку креативна како актерството, но нуди многу можности и спектарот на работа со инженерство е многу голем, важно е да се насочиш кон конректна насока од инженерството што ја сакаш и понатаму е многу полесно да се надоградуваш, бидејќи денес сите алатки се многу лесно достапни.  Јас веќе три години работам како електроинженер , но сметам дека сè уште не можам да одредам која е вистинската гранка од инженерство што јас би ја работел, како што се развива технологијата рапидно , така и желбата на сите инженери постојано се менува. Она вистинското ценење во инженерството сметам дека доаѓа со искуството.

Моментално се занимаваш со двете, инженер и актер . Кое од нив двете ти е позначајно? Можеш ли да издвоиш некое?

Јас никогаш не пробав да се запишан на Факултетот за драмски уметсности, иако еден период имав огромна желба да студирам актерска игра, што не значи дека нема да запишам можеби и втор факултет. Чуден сплет на околности уште од средно образование, поеднакво добро ми одеа од рака и општествените и придодните науки. Од денешен аспект можам да кажам дека не сум погрешил затоа што и двете страни што ги сакав успеав да ги реализирам. Моментално сум член на театарот „Чекори”. Станува збор за театар којшто постои од 1974 г. основан од Боре Ангеловски којшто е пионир на театарот на апсурдот. Овој театар веќе 50 години смело чекори на македонската сцена и од него имаат произлезено многу познати актери. Неодоамна имаве премиера и реприза на претствата „No Exit“ од Жан Пол Сартр, под режија на Маја Ѓурчевска.  Успеавме да создадеме музичко – сценски перформанс, телевизиски гостувања и сето она што напорно го работиме да го пласираме кон публиката на еден прекрасен начин.

Како го доживеа средното учичиште во Гевгелија а како студенсткиот живот во Скопје?

Дефинитивно средното училиште ми беше најубав период од животот. Многу анегдоти, дружба, забавни моменти кои ги паметам и ден денес. Што се однесува до студенските денови со сигурност би кажал дека имаше многу убави моменти, но и доста стресни ситуации и непреспиени ноќи.

Ако можеш да запознаеш некој светски глумец кој би бил тоа?

Интересно прашање. Со сигурност би било Камерон Диаз или Ева Лонгориа.

Во иднина планираш ли да продолжиш паралелно да се занимаваш со двете или можеби ќе отстапиш од нешто ?

Штом досега успеав да ги избалансирам и девете, сметам дека не би се откажал од ништо. И инженерството и актерството се нешто што ме опишуваат така да се надевам дека и во иднина ќе продолжам и со двете.

Scroll to Top