top of page

70 ГОДИНИ ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Updated: Nov 30, 2023

Гевгелија го одбележа седумдесетгодишното постоење на гимназиското образование во градот. Свеченоста за овој повод ја организираше СОУ „Јосиф Јосифовски од Гевгелија.

Во народниот театар во Гевгелија на 4 ноември 2023 година се одржа свечена академија по повод седумдесетгодишното постоење на гимназиското образование во Гевгелија. На академијата беше промовирана монографијата во уредништво на професорот Тони Аврамов, а со авторски текстови на професорите по македонски јазик и литература: Даниела Џишева, Александра Ќаеава, Вања Манчева, Жаклина Атанасова и Бисерка Макревска.

Настанот освен со промоција на Монографијата, беше збогатен и со културно-уметничка програма во која учествуваа сегашни наставници во училиштето, но и поранешни ученици и наставници со свои кажувања, евоцирајќи спомени од поминатите денови во училишните клупи.

Некогашната ученичка, денес режисер, Марија Џиџева не ги криеше емоциите истакнувајќи дека секој ученик го живее своето време, но секој возрасен барем за миг сака да се врати во минатото, во времето кога бил во училишните клупи.

Манифестацијата заврши со рецитација на стихови од македонски поети, а камерниот состав на училишниот хор изведе неколку композиции.


Автор: Верица Марковска, ученичка во СОУ„Јосиф Јосифовски“- Гевгелија

83 views

Comments


bottom of page