top of page

Активности на Средношколската заедница при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија

Средношколската заедница во учебната 2023/2024 година работи континуирано со план и програма кои ги донесе новиот средношколски одбор. Претседателот на средношколската заедница Зоки Кундурџиев изјавува дека реализирани се повеќе настани и активности. „Имавме проекти од различен тип како: спортски настани, хуманитарни активности, соработка со невладини организации: Центар ‘Мајка Тереза’, Фондација ‘Аполонија’, ‘Црвен Крст’... Особено поддршка имавме од нашите професори и раководниот тим на училиштето“, додава Кундурџиев. На сите предизвици средношколската заедница одговори брзо и ефикасно во интерес на секој средношколец.

Дел од активностите на средношколската заедница:

-16.10.2023 по повод „Денот на социјално загрозените лица“ по кординација и план програма на средношколската заедница на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, сите хумани средношколци учествуваа во оваа акција.Сите донации кои се собраа, беа дадени на децата од социјално загрозените семејства анонимно;

-05.11.2023 година по повод Денот на ослободувањето на градот Гевгелија „7-ми Ноември“, средношколската заедница се организира и се претстави со маратонци и штанд на кој се продаваа разноразни производи. Маратонците кои доброволно се пријавија, успешно ја завршија маратонската трка од 5-пет километри. Штандот кој беше поставен во строгиот центар на градот, го раководеа средношколци кои доброволно се пријавија и кои добија огромна помош од угостителската струка. Финансиската помош за овој проект беше обезбедена од „Фондацијата Аполонија“.

-20.11.2023 година, по повод „Денот на правата на детето“ средношколскиот одбор го одбележа денот со кратка презентација која се емитуваше на информативните телевизори во холот на СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија.

-04.12.2023 година, по повод „Денот на хендикепираните лица“, средношколскиот одбор со уште неколкумина средношколци, пристапија кон реализација на план програма и стартуваше соработката со центарарот „Мајка Тереза“ – Гевгелија. Со децата од центарот „Мајка Тереза“ беа изработени украси кои беа продавани на Новогодишниот Базар. Учениците беа топло и срдечно пречакани од домаќините и штитениците на центарот „Мајка Тереза“ така што дружбата после вредната работа прерасна во игра, смеа и македонско оро широко, валовито и разиграно.

-11.12.2023 година, новоформираниот тим за украсување на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, се здоби со материјали за изработка на новогодишни украси и започна со изработка на истите. На 12.12.2023 година започна и заврши украсувањето на училиштето со помош на ликовната секција на професорката Розета Картова.

Данче Николова

Билјана Кадиева

31 views

Comentários


bottom of page