top of page

Борбата меѓу доброто и злото

Што е всушност животот? Скрипта на правила и прописи или тефтер со испишани страници од различни и неразбирливи ракописи кои се шират во различни правиц. Зададен ни е во форматот на убавините и леснотиите, но само тогаш кога би се прочитал како правилник или како упатство. Тоа е всушност Библијата, водилка по најлесната и најсмирената животна авантура.

          Но, дали баш така го живееме животот или често знаеме да прескокнеме некој од испишаните редови на упатсвото кое ќе ни го подари задоволствот, но потоа одземе времето во маките од направените грешки кои пред тоа биле жар на олеснителност?

      Така правиме сите, го живееме животот онака како што може да се проживее најлесно и најбрзо, без капка труд или без капка замор, но всушност со безброј гревови и маки. Честопати го правиме она кое е во спротивност од одразот на запишаниот свет збор.

           Се соочуваме секојдневно со луѓе кои го глумат сценариoто на љубезноста, но некои навистина се реалните ликови на добрината. Многуте знаат да дадат и подарат некому нешто. Но, најчесто алчноста на човекот го доведува до посакување на некаква возврат. Тогаш, ликот на добрианта го губи сјајот и ја открива затскриената слика на алчноста. Оној кој дава не треба да сака да му биде вратено.

         Се среќаваме и со оние кои нечиј успех им претставува мета за омраза. Таа е мета создадена од сопствената недостижност или несамувереност, а нечиј пад и неуспех е извор на нивната среќа. Најчесто луѓето, враќаат исто, со омраза и со завидливост. Но, токму на таквите треба да им биде вратено со љубов и со добро за да го почувствуваат она најнеочекуваното, она силното, шамарот на животот.

      Многумина осудуваат и го поминуваат животот во глетката на измисленото сценарио за туѓиот живот. Ваквото сценарио е запечатено и непроменливо, оти нели, така е како што тие мислат дека е. Осудуваат и понижуваат. Но, најчесто истите се повредени кога се осудувани, тогаш ја чуствуваат болката од сопствениот зададен куршум кој им се враќа назад в градите.

           Зошто да не се живее во мирот и спокојствот, во љубовта и надежта, едни од клучевите на светлите рајски градини. Постаките кои ги правиме се најчесто како летачки диск кој се фрла и се враќа. Го правиме она што не сакаме да ни го прават, го живееме животот онака да бидеме задоволени со нечија слабост или тешкотија.

              Пораката на животот е останувањето пред прагот на вистинското човештво, да го сакаме непријателот, да не осудуваме, за да не бидеме осудувани, да даруваме, без да очекуваме нешто за возврат. Ете, тоа е животот со цената на реалноста...

5 views

Kommentare


bottom of page