top of page

ДАЛИ „ЛАЖНИОТ СВЕТ“ НÈ КОНТРОЛИРА?

Updated: Nov 28, 2023




Треба да се научиме да не ги примаме толку лесно безбројните информации со кои се соочуваме секојдневно на социјалните мрежи и телевизијата. Тие се така прилагодени да бидат што е можно подоверливи и да изгледаат што е можно повистинито за да не лажат и мамат, а ние да им веруваме . Лесно е да се фалсификуваат таканаречени докази како слики и видеа, но сепак секој ден одбираме да веруваме, да веруваме во сè што ќе ни се каже, ќе ни се покаже, ќе ни се пружи на златен послужавник.


Што мислите зошто е толку лесно да се добијат информации на најактуелните и контроверзни теми во светот?


Заслепени сте, заслепени сте од лажниот свет околу вас и не забележувате, бидејќи вие сакате да верувате и дозволувате социјалните мрежи да ве контролираат влијаејќи на начинот на кој размислувате. Вие мислите дека имате контрола врз тоа што го примате од социјалните мрежи, но тие неприметно ви работат во потсвеста и кога ќе забележите е веќе предоцна. Најчеста жртва се младите лица кои споредувајќи се со лажната фасада на онлајн личностите, нивниот начин на живот и изглед си градат несигурност во себе која им се одразува во секојдневниот живот.

14 views

Comments


bottom of page