top of page

ДЕЈАН МАЛЗАРКОВ: ВИСТИНСКИОТ УСПЕХ Е РАДОСТА ВО КРЕИРАЊЕТО

Ангела: Кој е Дејан Малзарков, а што е Диверзија?

     Дејан: Дејан е еден дел од Целото, како што се и сите други. Нормален за чудните – чуден за нормалните. Начинот на кој сум воспитан и израснат е таков да од рана возраст ми било дозволено да размислувам со своја глава, и тоа допридонело да се насочам кон креативна работа. Верувам дека таа слобода ми дозволила да се формирам во автентична личност.

   Диверзија е тотално спонтан проект кој започна како забава со моите другари, но со текот на годините прерасна во работа која не би ја заменил за никоја друга. Едноставно, поентата на Диверзија е да преку хумор се шири свест и да се конектираме едни со други.

Ангела: Кој Ве мотивира или Ви даде идеа да снимате комични видеа на својот дијалект?

Дејан: Првичната идеа беше на мајка ми, а мотивација за таков начин на изразување имаме од секојдневниот живот.

Ангела: Кога започнавте со ова, дали имавте надеж и бевте упорни за постигнување успех? 

Дејан: Првото видео го снимавме кога имав 24 години. Како што напишав, на почетокот немавме никаква цел со видеата. Едноставно It felt right. Според моето искуство, кога нештото го гледаме како забава и уживаме во креирањето, успехот е нус појава. Вистинскиот успех всушност е радоста на креирањето. Останатото е бонус.



Ангела: Во кое средно училиште учевте и дали желбата за снимање ја имавте од тогаш или имавте желба за друга професија?

      Дејан: Учев во средното училиште ­­­­­Јосиф Јосифовски во Гевгелија. Тогаш сакав да учам да свирам тапани. Откако завршив средно образование си купив тапани и имав прекрасни искуства со многу музичари. Ретроспективно, хуморот отсекогаш беше присутен, само му требало време да зрее.

  Ангела: Дали имавте желба за друга професија?

Дејан: Не. Смартфоните тогаш беа научна фантастика. Се надевам дека сте свесни какво богатство носите во вашите џебови. Многу луѓе ја критикуваат технологијата но јас не се согласувам со тоа. Злоупотребата на технологијата е лоша, но ако ја користиме како помагало за креативност и едукација - е чудесна алатка.

  Ангела: Кое видео од вашите Ви е најинтересно? Зошто?

Дејан: Тоа е како да прашате мајка кое од нејзините децаи е омилено. Секое видео е креирано со душа и љубов, и секое си има своја порака и поента.

Ангела:  Каква порака би им дале на хејтерите, а каква на фановите?

Дејан: На хејтерите: ви благодарам. На фановите: ви благодарам. Кој како те гледа е негова/нејзина субјективна вистина. Тоа не додава ниту пак одзема од твојата вредност. Како што го почнав муабетот - сите сме уникатни делови од Целото и вредиме.

Ангела: Дали имате желба да снимате со друга позната личност која ги има истите интереси како и вашите?

Дејан: Не. Освен ако го убедиме Ким Јонг Ун. Изгледа како човек со одлична смисла за хумор.



38 views

Comments


bottom of page