top of page

И ГЛАС И УБАВИНА

Верица Марковска

Непотполно искажани се чувствата ако се објаснети со зборови. Музиката создадена токму поради  чувствата, а тие се совладуваат единствено со музика. Мелодиите произведени поради потиснување на своите чувства, ги поттикнуваат туѓите да излезат на површина со слушање на истата творба. 

     Музиката не е составена од зборови, како што не се и човековите чувства. Таа е љубов, во потрага по зборови. 



Од кога започна да пееш и што беше она што те поттикна во пеењето?

     Поп-Костова: Мојот талент за пеењего наследив од мајка ми Елена. Уште од мали нозе ја сакам музиката и сакам да пеам.

Си учествувала на повеќe настапи, натпревари и слично. Што ти оставило најголем впечаток и искуство кое ќе го паметиш засекогаш?

Поп-Костова: Досега сум учествувала на два натпревари, а сум пеела на училишни и општински манифестации. Најголем впечаток ми остави меѓународниот натпревар кој се одржа во Бугарија, на кој освоив прво место.

Дали имаш свој идол или си самата на себе најголема мотивација?

     Немам идол, а најголема мотивација сум си самата и мојата мајка исто така.



Како се одвива процесот на вежбање на некоја песна и колку долго трае?

      Поп-Костова: Вежбањето на песна за натпревар трае од еден до два месеци и е многу интересно затоа што и покрај вежбањето на песната се дружиме со останатите учесници, а спремањето на песна за училишна манифестација не трае долго. Немам проблем со совладувањето на нова песна, брзо учам.




Дали тремата пред настап лесно ја совладуваш или возбудата сепак не може да се сокрие?

     Поп-Костова: Пред секој настап имам трема, но се обидувам тремата да не ме совлада мене, туку јас да ја совладам неа. На сцена се трудам колку што можам да ја сокријам од публиката и мислам дека успевам во тоа.

     Дали музиката е твоето најголемо хоби или постојат и други скриени таленти?

    Поп-Костова: Музиката е едно од моите хобиња и навистина уживам во неа, но покрај музиката и пеењето многу сакам и да спортувам.

Како се движи твоето размислување околу иднината, би сакала ли да продолжиш да се градиш како личност позната по својот глас и пеење?

      Поп-Костова: Од секогаш сум сакала во иднина да успеам во музиката и да заработувам од својот талент, но сепак би сакала да завршам факултет, а во меѓувреме да се доградувам со пеењето.





22 views

Comments


bottom of page