top of page

КЛУБ „ЈОСКА“ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОЕКТОТ „МЛАДИТЕ РАЗМИСЛУВААТ“

Updated: Nov 21, 2023

Младинскиот образовен форум (МОФ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) објавија повик за основање новинарски клубови (секции) во основните и во средните училишта од државава. Новинарските клубови се реализираат во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Новинарските клубови треба да вклучуваат едукативни и практични активности кои ќе се одвиваат во рамки на воннаставните активности. СОУ „Јосиф Јосифовски“ со Клуб „Јоска“ од Гевгелија во конкуренција од сите основни и средни училишта од Македонија е избран како еден од десетте најдобри апликанти под раководство на професорот Тони Аврамов.

Учениците ќе имаат можност да предлагаат и да обработуваат теми коишто се поврзани со образовниот процес и училишните активности, но и со културни, забавни, спортски или други теми кои се од интерес на младите.

Програмата на клубовите ќе ги опфати следните теми: Новинарството како професија – што значи да се биде новинар (улогата на новинарството, новинарски стандарди, уредувачка политика); Новинарски жанрови (вест, извештај, интервју); Медиумска писменост (концепт, елементи, вештини); Дезинформации, погрешни информации и штетни информации; Проверка на информациите и фото-форензика; Нови медиуми; Креирање медиумски содржини за различни медиумски платформи. На крајот на училишната година ќе биде објавен конкурс за најдобар медиумски производ подготвен од страна на новинарските клубови од основните и од средните училишта.

13 views

Comments


bottom of page