top of page

Посета на медиумите МИА и ТВ 21

Ученици од основните и средното училиште од општина Гевгелија беа во посета на Медиумската информативна агенција (МИА)  и националната телевизија ТВ 21. Целта на посетата беше учениците да се запознаат со подготовката на веста, од нејзиното создавање до нејзиното праќање во етерот – до читателите и гледачите. Меѓу другото учениците беа запознати и со техничкиот начин на подготовка на вест, дневно-информативни емисии и други медиумски производи.

За предавањето во Медиумската информативна агенција беа задолжени директорот на агенцијата Драган Антоновски и уредникот Билјана Анастасова – Костиќ. Во пријатна атмосфера и со практични вежби учениците имаа можност на лице место да видат како се создава новинарскиот продукт, но и да поразговараат со новинарите и начинот на нивното работење.

Во националната ТВ 21, заменикот главен и одговорен уредник Един Растодер им објасни на учениците како се снимаат дневните информативни емисии, но учениците и сами се обидоа да застанат пред камерите и да ја почуваствуваат магијата на телевизискиот медиум.

Посетата беше во рамките на проектот „Јас=Медиум“ а ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Јас=Медиум“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.



32 views

Comments


bottom of page