top of page

РОБЕРТО НАВАЛИ: ЦЕЛТА МИ Е ДА ЈА НАГРАДАМ ПУБЛИКАТА

Updated: Feb 10

Софија: Што Ве поттикна да направите акаунт со кој на     хумористичен начин ги доловувате проблемите во нашата држава  па и во другите?

Роберто: Мотивацијата отсекогаш била да го направам денот интересен на што повеќе луѓе. 

Софија: Којa Ви беше вистинската инспирација да започнете сериозно да работите на социјалните мрежи?

Роберто: После третата година од работење на профилот од хоби ми премина во работа.

Софија: Дали имавте некоја цел кога видовте дека станувате се по атрактивни и следени? 

Роберто: Целта ми беше да помогнам, да наградам и да ја насмеам публиката што веќе ја имам, а и да допрам до нова.


Софија: Дали избегнувате да зборувате за некој теми? Зошто?

Роберто: Избегнувам политички теми. Бидејќи се многу сензитивни за нашето општество. 

Софија: Дали самостојно работите на  „профилот“ или зад вас стои тим кој ви помага?

Роберто: Сѐ сам водам цели пет години, немам тим.                                                                    Софија: Од каде ви доаѓаат идеите за некои од вашите објави?


Роберто: Идеите за објавите доаѓаат од секојдневието, начинот на живот а и следење на светски трендови. 


МИМ, МЕМЕ

1.Идеја, мисла, цитат, рефрен, графичка  содржина или стил којшто е „вирален“  (заразен) и се пренесува бргу и  популарно низ одредена комуникациска   заедница.

2.Интересна и најчесто забавна  фотографија, цртеж или кусо видео во  комбинација со текст, што се шири брзо  меѓу интернет-корисниците.


(преземено од www.medium.edu.mk)



Софија: Од каде ви доаѓаат идеите за некои од вашите објави?

Роберто: Идеите за објавите доаѓаат од секојдневието, начинот на живот а и следење на светски трендови. 

Софија: Која е вашата основна професија? Дали водењето на социјални мрежи ви е единствена работа?

Роберто: Мојата основна професија кога почнував беше угостителство, сега е сметководство.



Софија: Дали вашите блиски знаат за вашата огромна платформа, и дали ве подржуваат? 

Роберто: Некои знаат, некои не. Добивам поддршка од сите. 

Софија: Како се справувате со критики на социјалните мрежи, дали им обрнувате внимание?

Роберто: На почетокот премногу се замарав другите што ќе кажат, ама денес веќе не обрнувам внимание на хејт коментари, само поддржувам позитивни критики. 

Софија: Какво е чувството да се биде следен?

Роберто: Чувството е супер, а истовремено и одговорно. 

Софија: Дали знаете дека помладата популација во нашата држава ве прати вас за секојдневни вести, и помалку се следат вестите? Што би рекле вие за тоа? Зошто е тоа така?

Роберто: Да, по реакциите гледам дека младите од мојот профил ги дознаваат вестите, тоа е бидејќи веќе ретко кој гледа телевизија, сите се на социјалните мрежи.

 

48 views

Comments


bottom of page