top of page

Работилници за видео и монтажа

Во работна посета на медиумскиот клуб „Јоска“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија беше снимателот и монтажер Васко Трајков, вработен во ТВ НОВА 12. Членовите на клубот се запознаа со идните активности кои ќе бидат насочени кон едукативни предавања за снимање и монтирање на видеоматеријали, односно како да се изработи новинарски видео прилог.

Според планот на клуб „Јоска“ групата ученици задолжени за видео и фотографија ќе оставрат уште неколку работни средби со Трајков со цел учење на основните техники во снимањето, а во делот на постпродукцијата ќе се запознаат со програмите за монтирање и начинот на работење на истите.

Во моментот Медиумскиот клуб „Јоска“ работи на најновиот број на електронскиот магазин, но и на докомплетирање на веб-страницата klubjoska.mk .





154 views

Commentaires


bottom of page