top of page

Успех на Драмската група „Дон Кихот“ во Банско

Драмската група ,,Дон Кихот” при СОУ ,,Јосиф Јосифовски” oод Гевгелија се натпреваруваше на Меѓународниот фестивал на уметностите ,,Утринска ѕвезда” во Банско, Бугарија. Во силна конкуренција на театарски групи од повеќе земји го освои третото место со претставата ,,Орфеј и Евридика” во режија на професорката Даниела Џишева.

Претставата за основа има митска тема: силната љубов на Орфеј и Евридика која не можат да ја уништат ни боговите. Како ликови се јавуваат познати јунаци од старогрчката митологија, поставени во современо време. Пораката на драмата е дека поминале векови и векови, а ништо не се променило, некогаш боговите, денес луѓето, ги мачат исти маки, ги радуваат исти радости.

Текстот е преработен од професорката Ивана Кркотиќ – Прошева, а техничката обработка е на Тони Аврамов.


62 views

Comentários


bottom of page