top of page

УСПЕХОТ Е СЕПАК ДОСТИЖЕН

Ристе Букршлиев e талентиран кошаркар од кошаркарскиот клуб „Кожув“ но исто така и во новоформираниот третолигашки клуб „Гевгелија“. Љубовта кон кошарката е негување и надоградување на талентот, а желбата за идни успеси достижен копнеж кој Ристе чекор по чекор го освојува.

Ступар: Од кога започна да тренираш кошарка? Ристе: Првите чекори во кошарката ми се на осумгодишна возраст во кошаркарскиот клуб „Прима Баскет“. Ступар: Кој ти е идол и најголем поттик за да продолжиш со кошарката?

Ристе: Најголем идол ми е мојот тренер Апостоли Апостолов кој исто така долги години бил играч на КК „Кожув“, а воедно и нивен капитен, кој неговите знаења и искуство, кои се на високо ниво, ги пренесува на нас младите играчи.

Ступар: Играш цела минутажа за младинската категорија на КК „Кожув -М18“ и КК „Гевгелија“ и си во поголемиот дел носител на играта. Дали за тебе тоа претставува притисок стрес или нешто слично?

Ристе: Да играм и во младинската и во третата лига. Напротив чест и задоволство ми е што сум еден од носителите во двата тима и тоа ме мотивира уште понапорно да работам и да имаме уште поголем успех.

Ступар: Да се навратиме на новоформираниот клуб КК „Гевгелија“ што можеш да кажеш за него кој се неговите потенцијали и дали има амбиции за во иднина?

Ристе: Новоформираниот клуб „Гевгелија“ е создаден со големи амбиции и потенцијали, за што повеќе натпревари за нас и напредок за помладите за поголем потенцијал и гордост на градот. Ќе го истакнам Томе Дуев, кој како сегашен претседател и долги години играч на КК „Кожув“, има многу вложено во клубот и во кошарката во Гевгелија, но и тренерот Мицко Алексовски кој вложува многу во нас.



Ступар: Дали КК „Кожув“ ти е единствено место каде што си играл или имаш играно и на други места? Ристе: Не. Имам играно за кошаркарскиот клуб МКК „Еуро-Никел“. Играв во младинските категории М-16 и М-18 и успешно се истакнувавме. Таму исто така тренирав и со првиот тим и бев премногу задоволен.

Ступар: Тренираши си во состав за сениорите што се во прва лига на КК „Кожув“ какво е исуството со нив?

Ристе: Искуството и честа се навистина големи, тренирам секој ден многу напорно и тренинзите со нив се на високо ниво, „крадам“ знаење и искуство берам од секој од нив. Се грижат за мене и гледаат во мене потенцијал и желба за работа.

Ступар: Како што имам и слушнато оваа година Младинците на „Кожув“ поточно М-18 имаат постигнато голем успех, објасни ни малку за ова.

Ристе: Лани бев дел од кошаркарскиот клуб „Еуро Никел“ игравме втора лига во М-18 . Во месец јуни добив повик да се вратам во мојот матичен клуб и така започна сè. Со играчите од овој тим се знаеме и играме заедно од самиот почеток на нашите кариери. На стартот од сезоната никој не очекуваше, а и ние самите не бевме свесни дека можеме да направиме нешто повеќе, да бидеме на високото 4 место на полусезона. Да напоменам М-18 лигата е составена од 24 екипи. 15 Години немало таков успех во младинските категории. Екипата е составена од 14 играчи: 8 од Гевгелија и 5 од Богданци. Предводени сме од нашиот тренер Апостоли Апостолов. Овој град треба да нè поддржува и да се гордее со нас. Зацртана цел и голема желба на оваа екипа е да се пласираме на фајлнфор завршницата.

1,051 views

Comments


bottom of page