top of page

ФИЛМСКИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ПРОДУКЦИЈА НА КРАТКИ ФИЛМОВИ

Филмски работилници како  дел од проектот „Јас=Медиум“ на здружението „Од станица до граница“ се одржуваше три дена во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. Режисерката Марија Џиџева имаше за цел да ги запознае учесниците со основите на филмската уметност притоа проектирајќи ги првите македонски снимени материјали од браќата Манаки.

Правејќи паралели меѓу некогашниот начин и принцип на продукција и репродукција на снимениот материјал, учениците имаа можност да воочат дека методите и формите не се многу променети освен што денешното време нуди подобри технички уреди за создавање видео-продукти.

На работилниците се зборуваше и работеше на процесот на пишување и режирање, како се преминува од краток кон долгометражен филм, како се раскажува приказна и како таа може да биде пример за создавање синопсис за снимање филм.

Учениците заедно со режисерката Џиџева имаа можност да работат на создавање кратки видеа кои ги снимаа по свои претходно развиени идеи. Истите ќе бидат комплетирани во наредниот период како дел од третата работилница што ќе се одржи во по новогодишните празници.

Работилниците се одржаа во рамките на проектот „Јас=Медиум“ а ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Јас=Медиум“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.



74 views

Комментарии


bottom of page