top of page

Хуманоста е океан

Ученици од Средношколската  заедница при  СОУ “Јосиф Јосифовски “-Гевгелија, присуствуваа  во Образовниот центар за лица со попреченост „Мајка Тереза” – Гевгелија.

Со голема  љубов,емпатија и внимание, учениците со своите златни раце повторно ја покажаа посебноста, довербата и соработката со лицата  со попреченост.

Заедно ги изработија различните новогодишни украси кои истите ќе бидат наменети за Новогодишниот базар,а средствата донирани таму каде што се најпотребни.

Учениците топло и срдечно беа пречакани  така што  другарувањето прерасна во игра, смеа и оро.


58 views

Comments


bottom of page