top of page

ЧУВСТВА ИЛИ УБАВИНА - ШТО Е СОВРЕМЕН СТАНДАРД?

Updated: Nov 28, 2023

Верица Марковска


Стандардите се оние кои подобруваат и даваат можност за усовршување. Тоа е така кај предметите и производите, но не и кај луѓето. За да се каже дека еден производ е добар, тој треба да е направен по некој стандард, некоја мерка или величина која е соодветна за него за тој да биде корисен за човекот. Стандардот е потребен за подобрување на производите и усовршување на предметите, но стандардите за убавина кај луѓето се само нивна надворешна амбалажа.

    Се поставуваат услови за изгледот, а севкупното критикување на луѓето воглавно се заснова токму на тоа, но убавината не е пред сè. Таа не е пред чувствата кои се кријат зад неа, не е пред мислите кои го красат човекот, не е пред општеството кое го гради светот полн со предрасуди, стандарди и критикувања. Човекот, совршенството претставено во форма, вистинско испочитуваниот стандард на природата, претрпува услови наметнати од општеството во кое живее, стандарди за неговата надворешна експресија.

  Се трудиме да создадеме уникатност, нешто подобро од другото, нешто препознатливо кое се издвојува од останатите. Тоа го правиме со предметите, но вистинската уникатност сме самите ние кои сме претопени во сфаќањата за единствена убавина, без препознатливост, без нешто специфично за нас, нешто кое ќе нè оддаде кои сме и нашиот идентитет. Ја криеме нашата специфичност, ја заменуваме со туѓа, а пробуваме да се истакнеме покрај останатите. Тоа е она што стандардите за убавина го поттикнуваат во луѓето, со цел да биде прифатена одредена карактеристика, а со тоа заменета специфичноста на претходната .

      Нашите мисли, чувства и однесување се карактеристични за нас, па затоа и нашата убавина е дел од нас, дел кој не треба да биде заменет. Нашето тело е наша уникатност, а стандардите за убавина само ја прикриваат.

126 views

Comments


bottom of page