top of page

ЈАС И ТИ


Птиците севезден пеат песна -

песна за една среќна приказна

заплеткана во црвени конци,

песна - цврсто врзана за срцето.


Се бакнуваат денот и ноќта,

Сонцето и Месечината,

се бакнуваат светлината и темнината,

со песна се милуваат....

 

Се поклонува моето Јас,

се поклонува твоето Ти,

се милува цветот со пролетта,

се милува снегот со зимата.

 

Ја допира листот гранката

крепоста во него ја наоѓа,

никне од земјата тревата

домот свој го чува.

 

Очите Мои лицето го красат,

срцето Твое душата ја гали,

Ти во моите очи гладуваш,

Јас во твоето срце жеднеам.

 

Да си подариме едно Ние -

па кога ветрот ќе нè одвее

во сончевиот сјај да нè најде

нашата љубов Сонце да биде! 


Тијана Гоцкова

54 views

Comentarios


bottom of page