Ања Поп-Костова
Зошто никој не зборува затоа колку деца секојдневно умираат и се раѓаат во домови каде што не заслужуваат да бидат. Никој не зборува за тоа колку деца се злоупотребени и пуштени да просат и да работат за да носат дома само едно парче леб. Никој не кажува колку деца се тепани, малтретирани, омаловажувани…Зошто никој не гледа? Зошто се прават слепи?Додека толку семејства секојдневно се трудат да добиат дете, некој пак ги раѓа, за потоа да ги малтретира. Колкумина деца се родени и оставени во дом!Секое дете на овој свет заслужува да има родител, да биде сакан и да ја почувствува таа родителска љубов и грижа. Не е родител тој што ќе те роди и остави, родител е тој кој ќе те порасне чува и воспита.Толку деца секојдневно умираат гладни на улица, за кој никој не ни знае.Но дали ова што го зборувам ќе дојде до вашите срца и уши? Дали нешто ќе се промени? Дали барем еден спроведен закон ќе се исполни! Навистина сме сурови, секојдневно гледаме, а ништо не преземаме. Сите зборуваат за правата на децата, а никој не зборува за неправдите кои им се нанесуваат.Колку девојчиња се омажени и продадени за мажи кои можат да им бидат родители или старатели?Многу мали ангелчиња, во кои треба да ја гледаме иднината, уште од мали нозе се крадци, лажговци и најголеми насилници.Па, што може да се очекува од вас повозрасните?Ќе бидам сурово искрена и ќе ви кажам во лице: Вие сте себични луѓе, со празни срца! Луѓе без трошка срам!Се прашувам каде се скри доброто во луѓето. Несебичноста и желбата да се помогне. И ве прашувам сега сите дали веќе еднаш, ќе се разбуди свеста, затоа што ниту едно дете не одбрало и не заслужува да биде родено и фрлено на улица.Се прашувам каде се скри доброто во луѓето. Несебичноста и желбата да се помогне. И ве прашувам сега сите дали веќе еднаш, ќе се разбуди свеста, затоа што ниту едно дете не одбрало и не заслужува да биде родено и фрлено на улица.