Видео

Медиумски рапорт на ЈОСКА

Медиумскиот клуб „Јоска“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија изработи краток документарен филм за своите активности и работа во текот на изминатиот период. По идеја на Ѓорги Новаковски, монтажа на Никола Чакаров, во документарецот учествуваат членови од Клубот, а користени се и дел од материјалите што беа реализирани во текот на минатата 2024 година.

„Буре барут“ – реалноста на денешнината

Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија во Народниот театар ја изведе театарската претстава „Буре барут“ на текст од Дејан Дуковски, а во режија на професорката Даниела Џишева.

Клуб „Јоска“ гостин во утринската програма на МТВ

Професорот Тони Аврамов, ментор на учениците-членови на новинарскиот клуб „Јоска“ и заменик уредникот и креатор на веб-страницата klubjoska.mk на клубот беа гости во утринската програма на Македонската телевизија. По покана на уредничкиот тим, во емисијата се зборуваше за досегашните активности на Клубот, како и за начинот на работење. Линк до емисијата:  https://play.mrt.com.mk/play/572043

ОСНОВНА ЛЕКЦИЈА ЗА НОВИНАРСТВО

Новинарството е јавна професија, понекогаш многу тешка но и одговорна. Неговото функционирање се заснова на определени професионални стандарди, кои новинарите треба да ги почитуваат. Оние кои влегуваат во овие води – учениците треба да знаат дека новинарот мора да ги знае клучните зборови: слобода на изразување, слобода на критика, вистина, точност, чесност, одговорност, непристрасност, независност.

Scroll to Top