Интервјуто со Јордан Кузманов го направи Благица Ступар
Јордан Кузманов е талентиран кошаркар кој претходната сезона беше капитен на тимот до 18 години на КК „Кожув” од Гевгелија, а оваа сезона игра само за сениорскиот тим на истиот клуб.
Од колку години почна да се занимаваш со кошарката?
Започнав да се занимавам со кошарката на моите шест години во кошаркарскиот клуб КК „Кожув” од Гевгелија
Кој ти е идолот кој те потикнува да продолжиш понатаму со кошарката?
Мојот идол е Милош Теодосич ,тој е играч што од мали нозе ме инспирира и ме потикнува да бидам играч кој нема страв и секогаш игра оставајќи го срцето на терен.
Претходната сезона беше капитен и дел од Младинскиот тим до 18 години на КК „Кожув” и направивте историски успех во Гевгелија, ќе ни објасниш ли малку за тоа?
Да, како капитен и дел од таа екипа, претходната сезона направивме навистина историски успех во овој град. Стигнавме до турнирот на „FINAL FOUR” и покажавме дека во овој град има иднина за младите и дека сѐ е возможно со многу труд и голема желба за успех.
Дали чувтсвуваше некој притисок или обврска во врска со улогата на капитен што ја имаше?
Не напртотив , ми беше преголема чест и задоволство да бидам капитен на таков предобар тим и мислам дека бев тимски играч кој допринесе добар тимски дух и тимска атмосвера да веруваме во нас и да се мотивираме за да стигнеме до целта.
Како што знам беше повикан и за репрезентацијата на М-18, какви ти се импресиите од таму?
Бев повикан на селекции за репрезентација до 18 години таму стигнав до најтесниот круг на селектирање на играчи, кој што во последниот круг испаднав и не бев во списокот на репрезентацијата. Но можам да кажам дека навистина стекнав големо искуство и знаење од професионалците кој тоа ни го пружеа и беа навистина фокусирани на нас. И големо задоволство ми пружеше тоа да ја претставувам Гевгелија и мојот клуб.
Оваа година не си во тимот на М-18, но затоа си во сениорскиот тим и добиваш прилично добра минутажа, кој ви се амбициите и целите на тимот оваа година?
Оваа година сум само во сениорскиот тим и сум навистина благодарен за можностите што ми се даваат. Оваа година тимот има големи амбиции со многу млади талентирани играчи , а целта оваа година ни се TOP 5 во Прва Лига. Верувам дека можеме да ја оствариме целта само со напорна работа и тимска атмосвера кои до сега и ги имаме.
Во иднина ,за кој клуб би сакал да заиграш еден ден и да му ги браниш боите?
Еден ден би сакал да заиграм за КК ,,Црвена Звезда” да ги бранам неговите бои.
Дали планираш да продолжиш до кошарката и во подалечната иднина, можеби како тренер, судија илк нешто слично?
Сега за сега планирам да продолжам со кошарката како професионален играч, а после кошарката сигурно ќе биде некоја професија поврзана со спортот