„Буре барут“ експлодира во театарот во Банско

Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски од Гевгелија успешно се претстави на 27 Меѓународен уметнички фестивал „Утринска ѕвезда“ во Банско, Бугарија со претставата „Буре Барут, на текст од Дејан Дуковски, во режија на Даниела Џишева и техничка обработка на Тони Аврамов.

Дешифрирањето на текстот на Дуковски и режијата на Џишева го доловија секојдневието завиено со платното на насилството преку актерството на младите актери кои се надминаа со фантастичните улоги, а сето тоа визуелизирано преку мултимедијалноста што остави силен впечаток на жири комисијата.

Фотографии: членови од Медиумски клуб „Јоска“ и Драмска група „Дон Кихот“

Scroll to Top