2025

Омнибус 5: Петар Јанчев

Петар Јанчев е службеникот за млади во Општина Гевгелија. Службеникот за млади е посредник или како што вообичаено велиме линк- врска помеѓу институцијата во којашто е вработен и младите во општината. Притоа, службеникот за млади е одговорен за Канцеларијата за млади, каде врши координација,  ги спроведува и ги следи прашањата од интерес на младите во […]

Обредите и празнувањата за Сурва, Стара нова година и Василица

Костадин Узунов Како почеток на новата година ние го славиме 1 јануари. Но, македонскиот народ според стариот календар новата година ја празнувал на сегашен 14 јануари. Денес ние на тој датум го прославуваме Св. Василиј Велики и Православната нова година. Обичаите наговестуваат дека на тој ден се крши погача, во која што се наоѓа паричка.

Омнибус 4: Горјан Петревски

Горјан Петревски е еден од најпознатите македонски детски писатели. Со неговиот интересен стил и дарба за пишување ги поттикнувал, ги поттикнува и ќе ги поттикнува децата за плодна работа.

Омнибус 3: Аце Ристевски и Снежана Сарамандова

Александар Ристевски и Снежана Сарамандова во поткастот Омнибус зборуваат за проектот „Здружи се за заедницата“ и првиот донаторскиот кружок. Проектот се спроведува со здужението Konekt, во партнерство со Фондација Аполонија и Индиго и ЕВН.  

Бадник и Божиќ во гевгелиско пред 110 години

Ден пред Божиќ или Бадник. Во утрините децата пееле Колде. Тој ден домаќинката подготвувала различни јадења за вечера. Најпрво замесувала леб, онолку колку било потребно, односно, еден за Бадниковата вечер, и уште еден за третиот ден од Божиќ. Во лебот за Бадниковата вечер ставала сребрена паричка. Лебот за третата вечер се нарекувал гумно или урачув

Бадниковите обичаи: Традиција на љубов и единство

Тијана Атанасова Дојде Бадник. Еден од нашите најзначајни христијански празници кој носи дух на љубов, поврзаност и обнова. Празник, посветен на Христовото раѓање. Бадниковите традиции, како што се подготвувањето на бадниковата вечера и палежот на бадниковото огниште, носат светло значење и вредности кои се пренесуваат од колено на колено. Иако некои традиции се различни, тие

Стари и нови обичаи за КОЛДЕ

Фото: Благица Ступар, Никола Илиев, Леана Јанковска, Стефанија Маркова, Никола Јанковски, Наташа Стојковска Фотографиите се од Гевгелија, Дојран, Негорци и Фурка. Во текстот зборот ‘колде’ се употребува архаично, така како што во гевгелиската околина се употребувал низ вековите. Во книгата „Живот и обичаји народни“ од учителот Стефан Тановиќ (материјали што ги запишувал од гевгелиската каза,

Медиумски рапорт на ЈОСКА

Медиумскиот клуб „Јоска“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија изработи краток документарен филм за своите активности и работа во текот на изминатиот период. По идеја на Ѓорги Новаковски, монтажа на Никола Чакаров, во документарецот учествуваат членови од Клубот, а користени се и дел од материјалите што беа реализирани во текот на минатата 2024 година.

Scroll to Top