Медиумскиот клуб „Јоска“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија изработи краток документарен филм за своите активности и работа во текот на изминатиот период. По идеја на Ѓорги Новаковски, монтажа на Никола Чакаров, во документарецот учествуваат членови од Клубот, а користени се и дел од материјалите што беа реализирани во текот на минатата 2024 година.