Петар Јанчев е службеникот за млади во Општина Гевгелија. Службеникот за млади е посредник или како што вообичаено велиме линк- врска помеѓу институцијата во којашто е вработен и младите во општината. Притоа, службеникот за млади е одговорен за Канцеларијата за млади, каде врши координација, ги спроведува и ги следи прашањата од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата.