КОСТАДИН УЗУНОВ
Дали најубавиот период од животот е младоста? Секако, да, ќе одговорат многумина. Новиот младешки, животен тренд гласи дека овој период се минува како единствен. Модерно или трендовски, како живее младиот човек денес?
Живееме во едно време со брзо движење. Циркулацијата на животот поминува многу брзо, секако заслужни за тоа се информациите коишто бргу стигнуваат до секој. Со прелистување на кратките видеа на Инстаграм или Тик-ток во рок од пет минути разменуваме стотина приказни.
Денеска ние се запознаваме преку Инстаграм. Наместо огледало користиме предна камера на мобилниот телефон. Се фотографираме кога било и каде било. Ја пронаоѓаме симпатијата на безброј слики. Се закитуваме со филтри за фотографирање и го менуваме оригиналниот изглед. Разговараме без да обрнеме внимание на времето. Стрелките за гледање на часовник веќе одамна се вон употреба. Пребарувањето на информации ни по случаен пат не се врши од пишана книга туку со задавање наредби на вештачката интелигенција. Храна возможно е да нарачаме преку интернет, и не само храна ами и облека, аксесоари. Работењето во канцеларија станува потсмев за нас и идните генерации, со поврзување на светската мрежа и користење на програмските јазици сите наши работи ги извршуваме од нашата куќа. Старото работно време од 7h до 15h се заменува со работно време од 9 до 17h. Непотребно е изучувањето на музички инструменти, со соодветни програми компјутерот компонира песни од било кој жанр. Писателското совршенство го препокриваат комерцијалните компјутерски текстови.

А како сето ова изгледало пред само неколку децении. Споредувајќи ги денешниве настани со настаните од пред три децении можеме да забележиме огромна разлика. Во деведесеттите години музиката доаѓала од вокмен, тоа е мало транзисторче кое имало меморија за дваесетина песни. Нормално долгите патувања со воз биле скратувани со слушањето на тие 20 песни. Вокменот немал никаква функција без слушалки, но не безжични туку високи, пластични со портокалови сунѓери и долг кабел. Новите, локални сознанија не биле објавувани на социјална мрежа, единствен извор биле телевизиите и весниците. Диктирањето текстови траело до еден час, затоа што почетните поголеми компјутери бавно го обработувале секој внесен податок. За само едно летување во јули или август се полнел цел еден фотографски албум. Потоа албумот бил разгледуван од сите што сакале да дознаат нешто повеќе за тоа како личноста си поминала на летувањето. Поштенските марки не се користеле само за филателија, туку и за праќање писма до некого. За време на празниците се испраќале честитки со актуелни мотиви. За време на одржување на некој спортски натпревар или пак емитување на некоја серија, еден член од семејството бил задолжен за контрола на собната антена. Вистински моден тренд биле американските фармерки Levi’s 501 , за нив се составувале редици за чекање, или пак се нарачувале преку луѓе кои само со тоа се занимавале. За да поминеш викенд во Солун или некој друг град на грчкото крајбрежје требало да чекаш виза од амбасадата во Скопје.

Сето тоа денес е нереално. Но затоа реален е астро-туризмот. Астро-туризмот е доста атрактивен. Посетувањето на места со минимална светлосна загаденост и набљудувањето на ѕвезди и космички настани е интересна работа. Сега се појавуваат се повеќе претпоставки дека нашата енергија може да се спои со универзумот и да ни се реализира секоја желба која силно ја посакуваме. Со трудољубивост од наша страна универзумот ја овистинитува нашата фантазија.
Упатени сме во постоењето на нашите права. Од навршувањето на нашите 14 години дури и во училишната околина се подготвуваме за снаоѓање во општествениот систем. Организирањето преку ученички заедници, всушност ученички парламенти, совети, иницијативи … нам ни овозможува да полесно инволвирање во секојдневието. Ние учениците имаме право сами да одредуваме наши претставници . Тие се задолжени за промовирање на нашите иницијативи, за подобрување на опкружувачката средина. Од полнолетноста (18 години) па натаму сите млади имаат прилика да заземат учество и во политичкиот систем. Посебно вреднувани се студентите. Правилно е студентите да имаат можности за доста работи, бидејќи тие се идните граѓански раководители. Учењето по државните факултети е достапно за сите кои талентот и знаењето ги водат кон тоа.
Денес студентите имаат права. Но како се стекнати тие права. По која цена претходните генерации се здобиле со ваква прилика. Низ претходните редови ве навратив во деведесеттите, а кога се споменуваат студентските права тогаш клучна деценија е седмата. Поконкретно 1968 година. Во таа година започнала новата студентска ера. Огромен бран од протести бил засилен кон светот. Студентите освен за своите права, воделе и бунт против немирите и војните во Азија. Бунтот го започнале паришките студенти во Мај. Целта на студентите биле да стават крај на безредието. Мотивирани од паришките протести набргу се приклучиле и студентите од Соединетите Американски Држави. Имено тие имале исти цели како и французите. Борбата била раширена низ целиот свет, но најголем замав заземала на територијата на Европа. Германските и Југословенските факултети биле преплавени со различни идеи, повеќе идеолози биле приклучени на штрајковите. Судбоносна тогаш била таа сензација. Луѓето со поттик се однесувале кон студентите.
Можеби тогаш студентите имале големи потешкотии при стекнување на целиоте. Но за тоа денес, нивните идни наследници, располагаат со голем број можности. Нивниот пресврт денес резултира со успех.
Ако започнеме со претпоставки, што би било – кога би било , како денес би се развивале студентските прашања. Каков тек денс ќе имал студентскиот и младинскиот живот. На какво рамниште ќе беа студентските места во општество.
Сите младински иницијативи се интересни и корисни, зашто свежината на секјдневието треба да потекнува а и единствено може да потекнува од младината. Никој не порекнува дека искуството игра голема улога, но младинската амбиција и сила е несопирна.