Патописна репортажа: Ансамблот „БОЈМИЈА” во Едрене

Андреј Димов

Овогодинешната сезона на патувања Ансамбл ,,Бојмија” ја започна со патувањето во Едрене, Турција. Едрене – град каде што реките се прегрнуваат, а минарињата шепотат приказни од вековите. За време на нашиот престој во турскиот град го пресликавме сјајот на македонската традиција и фолклор.

Фестивалот беше организиран од страна на Универзитетот Тракија, а го овековечија претсавници од балкаснките држави, како Македонија, Турција, Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Молдавија и Романија.

      На 6 февруари заедно со сите учесници на фестивалот бевме дел од свеченото отварање на фестивалот. Претставници од секоја држава ечеа во боите на народните носии, а Балканскиот конгресен центар цутеше од сплотеноста на различностите.

      На 7 февруари секоја од групите се претстави со разчични обележја од фолклорната традиција во различни кампуси на Универзитетот Тракаја. Нашиот Ансамбл ,,Бојмија’’ ги измами насмевките на публиката со кореографијата ,,Малешевка’’.

      Во меѓувреме имавме прилика да ја видиме и доловиме совршената градба на познатат Селимије џамија која наликува на онаа во Истанбул – Аја Софија и притоа е на листата на Унеско. Од неа се издигнуваа високите минариња кои збориваат за вековните спомени.

      На 8 февруари сите групи се претставија со уникатна кореографија од сопствената традиција. Звукот, чекорот и носијата го создадоа неверојатниот сплет на посебноста на секоја од државите. Громогласен аплауз беше доказ за прекрасната изведба на кореографијата ,,Пијанец”.

      Нашето патување го завршивме на 9 февруари, а имавме прилика да го разгледаме грчкиот град Кавала и да уживаме во звукот на мраморот на морето. Ваквиот фестивал беше доказ за постоењето на слогата, солидарноста и љубовта меѓу балканските народи. Ова патување остави трага на поврзаност, спомени и многу измамени насмевки.

 

Scroll to Top