АДРИЈАН МИЦЕВСКИ: Успехот зависи од работата

Новинар: Јована Спасова

Македонскиот футсал репрезентативец Адријан Мицевски има играно во најдобрите клубови во Германија, а во овој период е во Оребро во Шведска. Инаку настапувал и во Кипар за тимот на Омонија, како и за хрватскиот тим Сквер. Во Македонија бил играч на КМФ Железарец во неговите најдобри денови.

Какви беа Вашите почетоци и на која возраст влеговте во фудбалските води?

– Уште од најмала возраст сум на фудбалските терени, а чувството да се занимавам со спорт беше толку прекрасно и посебно што ден-денес се занимавам професионално.

Кој аспект од средното училиште Ви беше најкорисен за фудбалската кариера?

– Ставањето фокус на спортот и упорноста за успех.

Како се развиваше Вашата кариера после средношколските денови?

– По средношколските денови, започнав со професионално играње и фокусирање на што повеќе тренинзи и активности.

Во кои клубови имате учествувано надвор од нашата држава и во кој клуб моментално настапувате?

– Имам играно во MNK Square (Хрватска), Омониа (Кипар), Beton Boys (Германија), Штутгартер (Германија) и моментално сум во Оребро (Шведска).

Дали во текот на вашата кариера имате постигнато некои поголеми успеси.

– Во мојата кариера имам освоено преку 50 турнири, освојување на Македонската футсал лига 6 пати, освојување на Куп на Македонија 6 пати, освојување на Бундеслигата во Германија, најбрз hat-trick во светот, 90+ настапи за Македонската репрезентација и повеќе од 60 голови, освојување на Универзијада во Македонија, освојување на студентски игри итн…

Scroll to Top