Членовите на Клуб „Јоска“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го посетија Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е основан во 1953 година со цел проучување на македонскиот јазик, поттикнување на творечките потфати и грижа за усовршување на научните и стручните работници.
Учениците од Гевгелија водени од професорите по македонски јазик и литература Даниела Џишева и Тони Аврамов имаа можност да ја посетат собата на Крсте Петков Мисирков и да се запознаат со неговиот живот и дејност.