Средношколската заедница во учебната 2023/2024 година работи континуирано со план и програма кои ги донесе новиот средношколски одбор. Претседателот на средношколската заедница Зоки Кундурџиев изјавува дека реализирани се повеќе настани и активности. „Имавме проекти од различен тип како: спортски настани, хуманитарни активности, соработка со невладини организации: Центар ‘Мајка Тереза’, Фондација ‘Аполонија’, ‘Црвен Крст’… Особено поддршка имавме од нашите професори и раководниот тим на училиштето“, додава Кундурџиев. На сите предизвици средношколската заедница одговори брзо и ефикасно во интерес на секој средношколец.Дел од активностите на средношколската заедница:
-16.10.2023 по повод „Денот на социјално загрозените лица“ по кординација и план програма на средношколската заедница на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, сите хумани средношколци учествуваа во оваа акција.Сите донации кои се собраа, беа дадени на децата од социјално загрозените семејства анонимно;
-04.12.2023 година, по повод „Денот на хендикепираните лица“, средношколскиот одбор со уште неколкумина средношколци, пристапија кон реализација на план програма и стартуваше соработката со центарарот „Мајка Тереза“ – Гевгелија. Со децата од центарот „Мајка Тереза“ беа изработени украси кои беа продавани на Новогодишниот Базар. Учениците беа топло и срдечно пречакани од домаќините и штитениците на центарот „Мајка Тереза“ така што дружбата после вредната работа прерасна во игра, смеа и македонско оро широко, валовито и разиграно.