Во рамките на проектот CLOSE во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се одржаа неколку работилници со претставниците на овој проект од Италија. Целта на нивната посета беше да се направи стратегија за дисеминација и управување со социјалните медиуми за следниот период, да се анализираат резултатите и стратегиите за одржливост и дисеминација.
Проектниот тим од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија организираше филмска работилница на која учениците и претставниците од Италија имаа можност да ги проследат двата филма „Списокот на Тони Манџа“ од режисерката Марија Џиџева и „Огледало“ од Силвестер Проле, притоа дискутирајќи за различните аспекти и теми што се обработуваат во филмовите.