ПОРАКА ЗА ПОДОБРО УТРЕ

„Волонтер сакав да станам уште кога бев мала, а овој сон го остварив вклучувајќи се во Црвен Крст. Денес сум вклучена во активности што ме исполнуваат и ме поттикнуваат да се ангажирам уште повеќе”.

ВАНЕСА КОСТАДИНОВА

Марковска: Во кои активности си учествувала? Кои се најзабележителни и најпознати?Костадинова: Има многу активности кои Црвен Крст ги бележи секоја година, меѓу кои најпознати се Ноемвриската трка, пинг – понг турнирот и бројните крводарителски акции. Крводарителските акции се значително важна дејност на оваа организација, па затоа дарувајте крв и придонете светот да продолжи да се движи!

Марковска: Какви здравствено едукативни вештини се учат во Црвен Крст и која според тебе е најважна?
Костадинова: Со различните едукативни часови одржани во Црвен Крст, учиме за работата таму, како и за разни болести, нивна превенција, како и нивното значење, но и за прекршувањата на законот за кои не се обрнува доволно внимание кога е потребно.
Марковска: Организацијата е најбитна за да се оствари некоја зацртана цел, па затоа Црвен Крст ги подучува своите волонтери на тимска работа каде зборот значи многу.
Костадинова: Тимската работа е најважна за успешно сработена акција каде се ислушуваме сите со нашите ставови, желби, па подоцна се определуваме така што ќе имаме ефикасна работа во секое поле кое го зафаќаме. Неизмерно е чувството на исполнетост кога ќе се заврши некоја работа направена од срце и со љубов, знаејќи дека е правилно извршена и дека сме успеале да помогнеме некому или на нешто. Со нашето волонтирање даваме слика за успешна организација, полна со идеи и цели, па така и ги поттикнуваме оние околу нас, оние кои не пратат и следат да го прават истото, да помагаат и да се грижат.

Една птица не носи пролет, но таа поттикнува за градење нешто подобро и поуспешно, па така и оваа организација која со своето дејствување праќа значителни пораки кон сите луѓе.

Верица Марковска
Scroll to Top