Автор и фотографија: Лили Митрова
Отсекогаш верував дека постојат скриени светови кои живеат во стаклени топки. Мали, совршени универзуми заробени во нивните нежни, проѕирни ѕидови. Кога и да завртам едно, снегот како да почнува да танцува тивко – бескраен танц на светлина и сенки. Во овие мали простори нема време, а секој момент се чува како спомен кој не згаснува. Замислувам мали куќички со светла кои никогаш не се гасат, патеки покриени со снег на кои никој не гази и дрвја немо се грижат за здивот на зимата. Се прашувам, дали таму живеат мали суштества, дали имаат љубов, соништа или само тишина? Можеби токму затоа ме привлекуваат толку многу – затоа што во нив ја гледам сликата на совршениот мир, место каде што мислите се јасни и срцето е светло. Скриените светови во стаклените топчиња ме потсетуваат дека магијата е секогаш тука – само треба да знаеме каде да ја најдеме