Актуелно

Филмски работилници во рамките на проектот CLOSE

Во рамките на проектот CLOSE во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се одржаа неколку работилници со претставниците на овој проект од Италија. Целта на нивната посета беше да се направи стратегија за дисеминација и управување со социјалните медиуми за следниот период, да се анализираат резултатите и стратегиите за одржливост и дисеминација. Проектниот тим од СОУ […]

„Буре барут“ експлодира во театарот во Банско, Бугарија

Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски од Гевгелија успешно се претстави на 27 Меѓународен уметнички фестивал „Утринска ѕвезда“ во Банско, Бугарија со претставата „Буре Барут, на текст од Дејан Дуковски, во режија на Даниела Џишева и техничка обработка на Тони Аврамов. Драмската група „Дон Кихот“ на овој фестивал го освои второто место. Дешифрирањето

Прво место на зонскиот натпревар за ракометарките од СОУ „Јосиф Јосифовски“

Женската ракометна екипа од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелиј на Зонскиот натпревар во Велес го освои првото место. Под менторство на професорите Влатко Семенаков и Трајче Стојанов, екипата на гевгелиската гимназија ја сочинуваа: Елена Тасевска (капитен), Бојана Басова, Благица Ступар, Симона Динева, Ружица Кирова, Павлинка Стефанова, Илина Мицева, Јована Георгиева, Анастасија Атанасова и Снежана Кирова.

„Буре барут“ експлодира во театарот во Банско

Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски од Гевгелија успешно се претстави на 27 Меѓународен уметнички фестивал „Утринска ѕвезда“ во Банско, Бугарија со претставата „Буре Барут, на текст од Дејан Дуковски, во режија на Даниела Џишева и техничка обработка на Тони Аврамов. Дешифрирањето на текстот на Дуковски и режијата на Џишева го доловија секојдневието

КУД „Негорци“ организатор на фолклорни смотри во Гевгелија

Новинар: Стефанија Маркова Иако низ годините животот на македонскиот народ постојано се менувал и денес многу работи се различни, сепак ние во себе засекогаш ќе носиме дел од нашите предци. Со нив постојано ќе бидеме поврзани преку традициите коишто живеат во нас. Нашиот народ има огромна историја испреплетена со убавини и маки, а народот сето

Едукативна екскурзија низ Источна Македонија

Ученици од СОУ “ Joсиф Јосифовски” Гевгелија заедно со професорките Гордана Делиџакова, Снешка Арџанлиева и Магдалена Димова ги посетија градовите Берово, Пехчево и Струмица посетувајќи ги повеќе знаменитости, но и Едукативниот центар во Негрево кое порано било училиште и Колешинските водопади. Екскурзијата беше во рамките на планираните активности на Училиштето. Фоторепортери: Ања Поп-Костова, Билјана Кадиева,

Патронен празник на СОУ „Јосиф Јосифовски“

СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го прослави својот Патронен празник со културно-уметничка манифестација, во Народниот театар- Гевгелија. Во програмата, учествуваа ученици од Училиштето кои пред многубројните присутни се претставија со хорски настапи, изведба на драмски сцени на македонски и англиски јазик, музички настапи и танцови перформанси, подготвени од професорите: Илија Атанасов, Даниела Џишева и Александра Ќаева,

Посета на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Членовите на Клуб „Јоска“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија го посетија Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е основан во 1953 година со цел проучување на македонскиот јазик, поттикнување на творечките потфати и грижа за усовршување на научните и стручните работници.  Учениците од Гевгелија водени од

Посета на Македонската телевизија

Ученици-учесници во проектот „Јас=Медиум“ беа во посета на Македонската радиотелевизија. Посетата ја реализираа со цел да се запознаат со начинот на реализација на телевизиски емисии, односно од подготовка до реализација.Задолжена за едукативниот дел и обиколката низ студијата на телевизијата беше Маја Дамјановска – советничка на генералниот директор на МРТВ.   

Scroll to Top